X
 06.05.2015 Наука

Клучот за вечната младост можеби се крие во нашата ДНК

Стареењето е неизбежно, но можеби клучот до вечната младост се крие во нашата ДНК.


Секое човечко тело е составено од приближно 75 трилиони клетки и речиси секоја од нив ќе биде обновена со текот на времето. Според Научниот музеј во Лондон додека ја читате оваа реченица, 50 милиони клетки во вашето тело ќе умрат и ќе бидат заменети. Различни клетки се обновуваат со различни брзини. Некои бели крвни клетки може да живеат и цела година.

Но, секоја од нив се обновува, па доколку гледаме на таков начин, се чини дека добиваме ново тело на секои неколку години. Доколку клетките се способни за самостојна регенерација, зошто старееме?

Стареењето е една од најголемите мистерии во науката. Многу научници се надеваат дека со разбирањето на Вернеревиот синдром ќе ја решат оваа мистерија. Овој синдром се манифестира преку екстремно забрзано стареење. Повеќето пациенти не живеат повеќе од 50 години.

Генетичарите откриле ген кој го предизвикува синдромот. Поточно, мутација на овој ген го предизвикува синдромот преку промена на нормалната ДНК.

Потребни се уште истражувања за да се разбере улогата на генот во стареењето, но ова би можело да биде чекор напред кон успорувањето, а можеби и прекинувањето на стареењето кај луѓето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука