X
 11.05.2015 Технологија

Како да ги исклучите сите работи кои ве нервираат на Фејсбук

fb

 

Фејсбук знае да биде вистински проблем. Им овозможува на вашите пријатели да спамираат со досадни покани, им кажува на вашите контакти кога сте онлајн за да можат да ви досадуваат и ви досадува со родендените на старите колеги дури и кога не сте ги виделе повеќе од 3 години.


Добрата вест е тоа што постои начин како да го „замолчите“ Фејсбук и можете да ги исклучите сите нешта кои ве нервираат.

Покани од апликации

ПОканите за да инсталирате апликации и да се придружите на игри се број еден фрустрирачки карактеристики на Фејсбук. Во зависност од тоа што вашите пријатели играат или прават на Фејсбук, така ве бомбардираат со покани на дневна база, а повеќето апликации овозможуваат лесно спамирање на цела листа на пријатели со досадни сигнали. Време е да се стави крај на овој кошмар.

Отворете Settings и притиснете „Blocking“ на јазичето од левата страна. Под „Block app invites“ напишете го името или имињата на некои од вашите пријатели кои не сакате да ви испраќаат покани.

Можете да ја искористите истата страна за да блокирате одредени апликации да не ве контактираат и да спречите вашите пријатели да ви испраќаат покани за настани, иако тие се обично поретки од апликациите за игри.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија