X
 17.05.2015 Образование

Најискрениот говор: "Студентите секогаш ќе бидат коректив на Владата"

Ave, Caesar, morituri te salutant. Те поздравуваат оние што ги чека смрт!

Вака робовите и гладијаторите го поздравувале Цезар. Ова никогаш нема да го слушнете студентите да го кажат! Ниту вие од Власта, ниту вие од опозицијата, затоа што студентите никогаш нема да бидат робови, ниту гладијатори!

Ние немаме штитови, ние немаме гумени куршуми… ние од оружје имаме само книги и цветови! Сакаме да пратиме порака до сите. Студентите не се денеска овде да поддржат некоја политичка партија. Студентите сметаат дека е значајно за што се зборува, а не кој го кажува тоа… Ние, ние секогаш ќе бидеме коректив на Владата… Дали оваа, или која било друга. Да ја споделиме со Вас, почитувани граѓани, студентската желба за Македонија…


Вака студентите го започнаа говорот на денешниот граѓански собир

ФОТО: Студентите тргнаа во борбата за слободата

Целосниот говор во продолжение:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование