X
 12.06.2015 Здравје

Шведска има одличен начин за поттикнување на крводарителството

Крводарителите во Шведска добиваат СМС порака секој пат кога нивната крв спасува нечиј живот. Со оглед на тоа што стапката на дарување на крв опаѓа во целиот развиен свет, Шведската организација за крводарителство на сите можни начини се обидува да ги поттикне луѓето на овој чин.

 

1


Една од таквите иницијативи е испраќање на автоматска СМС порака во која стои информација кога и како е искористена крвта на крводарителот. Крводарителите на почеток добивале СМС порака со благодарност, но сега се` отиде чекор понатаму.

„Постојано се обидуваме да развиеме различни начини како да го поттикнеме донирањето на крв“, вели комуникациската менаџерка од Стокхолм Каролина Блом Виберг, додавајќи дека на овој начин на крводарителите се обидуваат да им одговорат на нивниот труд, а повратните информации се доста позитивни и со тоа организацијата верува дека многу луѓе ќе бидат поттикнати повторно да даруваат крв. Оваа нова политика стана хит на социјалните мрежи и ги поттикна луѓето да споделуваат фотографии со СМС пораките за благодарност.

 

1


„Прекрасно е чувството кога знаеш дека си направил важна работа, а можеби си спасил и нечиј живот“, вели Блом Видберг. Програмата започна во Стокхолм пред три години, но поради одличните повратни информации брзо се прошири и во останатиот дел од земјата. Во Велика Британија, како и во повеќето западни земји, се случува голем пад на крводарителството.

И Британија бара нови начини како да го поттикне дарувањето на крв. Поради тоа, на Националната недела на дарување на крв на уличните знаци и табли, продавачите ги отстранија буквите О и А за граѓаните да ги поттикнат и да ги насочат за тоа кои типови на крв недостасуваат.

 

2


Во Шведска пак, граѓаните на веб страна во живо можат да следат колку крв остана.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје