Фудбалската федерација на Финска на интернет постави формулар кој можат да го пополнат сите кандидати кои сакаат да се пријават за нов селектор на националната репрезентација на Финска.
На интернет страната на Фудбалската федерација е наведена дека на 14 јуни е отпуштен дотогашниот селектор Микс Пателаинен после што е отворен конкурс за нов селектор.
Претседателот на Фудбалската федерација Перти Алаја е уверен дека новиот систем за ангжирање на селектор ќе биде доста успешен. Тој истакна дека со новиот селектор ќе се потпише договор во траење од 2 до 4 години.
Кандидатите кои поседуваат лиценца за фудбалски тренер можат да се приајват на конкурсот кој е отворен од 3 август. Селекцијата на Финска во групата Ф во квалификациите за Евро 2015 е претпоследна со 4 освоени бодови од 6 изиграни натпревари.