X
 03.07.2015 Култура

Шпанскиот повеќе се зборува во САД отколку во Шпанија

САД моментално е втората земја во светот каде најмногу се зборува шпанскиот јазик, веднаш по Мексико, се открива во ново истражување објавено од „Институто Сервантес“.


Според извештајот, во САД има 41 милиони луѓе чиј мајчин јазик е шпанскиот, а 11,6 милиони луѓе го зборуваат шпанскиот како втор јазик. Ова ја става САД пред Колумбија (48 милиони) и Шпанија (46 милиони), а веднаш зад Мексико (121 милиони).

Се проценува дека до 2050 година во САД ќе живеат 138 милиони луѓе чиј мајчин јазик ќе биде шпанскиот, а со тоа ќе стане нација во која има најмногу луѓе со шпанскиот како мајчин јазик.

По сојузни држави, најголем процент на луѓе кои зборуваат шпански јазик има Њу Мексико (47%), па Калифорнија и Тексас (38%) и Аризона (30%).

Од извештајот дознаваме и дека шпанскиот го зборуваат 559 милиони луѓе низ целиот свет.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура