X
 06.07.2015 Технологија

Сингапур започнува да користи автономни такси возила

Возачите на такси отсега нема да бидат првите водичи во еден странски град, барем не во Сингапур. Во иднина веројатно нема да има возачи во такси возилата. Сингапур започнува пилот-програма за автономни електрични возила кои ќе функционираат како такси возила во еден дел од градот.


Програмата е соработка на градот Сингапур и Технолошкиот институт во Масачусетс. Досега веќе биле тестирани помали автономни возила во градините на градот. Поголемата пилот-програма ќе тестира поголеми автономни возила кои ќе возат околу технолошки бизнис парк во Сингапур.

Се претпоставува дека програмата ќе трае шест месеци. Сингапур е остров, па просторот за улици е ограничен. Градот-држава имплементираше многу програми за обесхрабрување на користењето автомобили од 1975 година досега и за промоција на јавниот превоз.

Меѓутоа, жителите сè уште ги сакаат своите автомобили, а градот ќе мора да најде нови начини за решавање на проблемот во иднина, особено со оглед на тоа што се очекува Сингапур да добие уште еден милион жители на населението од 5,3 милиони жители.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија