X
 12.08.2022 Технологија

Такси-возилата во Кина стануваат автономни

Кина стана првата земја во светот која издала лиценца за организиран превоз на патници од страна на роботакси, односно автономни автомобили за кои не треба човечка асистенција.

Меѓународната компанија „Баиду“ добила дозвола за пружање услуги со роботакси во два кинески града: Чонгкинг и Вухан. Во двата града, на почетокот ќе се користат 5 вакви такси-возила кои ќе може да се повикаат преку апликација.

Овие автономни возила ќе бидат достапни во одреден период од денот и ќе може да се движат до одредени региони од градовите каде што биле тестирани.

За да добие дозвола, роботаксито на „Баиду“ морало да помине тест-фаза од околу еден милион километри.


Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Baidu
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија