X
 11.07.2015 Култура

Најдобрите фотографии направени од дрон

Интернационалниот натпревар за фотографии направени од дрон веќе втора година по ред привлекува многу луѓе кои успеале да направат неверојатни фотографии од дрон.

 

dron


Организиран од Dronestagram со помош на National Geographic на натпреварот учествувале повеќе од 5.000 фотографии во три категории: места, природа и таканаречени Dronies (селфи фотографии направени со дрон).

 

Фотографиите беа оценети според креативноста, квалитетот и почитот кон темата.

„Минатата година требаше да направиме избор меѓу 2.000 фотографии, меѓутоа оваа година бројката се зголеми на 5.000 фотографии во три категории“, вели Ерик Дупин,  основач и извршен директор на Dronestagram.

„Фотографирањето со дронови дава нова визија кон светот, со неверојатни фотографии. Тоа е нов фотографски јазик и нов начин да ги откриеме работите и пејзажите кои ги знаеме, или барем мислевме дека ги знаеме“, завршува тој.


Ви ги нудиме победниците од сите фотографии - линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура