X
 27.07.2015 Технологија

Обама воодушевен од изумот на младата балканска иноваторка

Јосипа Мајиќ, млада иноваторка од Хрватска, учествувала на Глобалниот претприемачки самит во Кенија неодамна, кадешто го претставила својот проект „Teddy the guardian“.


Имено, се работи за мече кое ги мери виталните функции на детето и автоматски ги испраќа податоците до телефоните на родителите.

Американскиот претседател Барак Обама присуствувал на самитот, кадешто ја слушал Јосипа додека го претставувала изумот. Изумот на Јосипа може да биде мошне корисен.

Ова мече го следи телото на детето, односно со вградените сензори ги забележува податоците за отчукување на срцето, крвниот притисок и телесната температура и веднаш ги праќа до родителите.


Инаку, стартап-компанијата на Мајиќ моментално има канцеларии во Лондон и Загреб, а има привлечено инвестиции од приближно 400.000 долари. Компанијата ги произведува и продава рачно изработените мечиња за 499 долари. Истовремено, тие донираат мечиња во болници низ Европа за да им помогнат на лекарите и медицинските сестри.

- Идејата позади скриената медицинска технологија во играчка е да им се обезбеди на родителите поточни и доверливи податоци за здравствената состојба на детето. - изјави Мајиќ.





Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија