X
 21.08.2015 Култура

Љубовните писма на норвешкиот сериски убиец Брејвик

Андерс Брејвик е еден од најомразените луѓе во светот, но и тој добива љубов од страна на една жена. Љубовта ја прима преку писма, кои ги добива секоја недела и во кои жената ветува дека ќе го чека. Брејвик е одговорен за најлошиот масакр во Норвешка од Втората светска војна, но како и сите други ужасни убијци, тој има свои фанови. Феноменот има објаснување: хибристофилија.


Се работи за состојба во која личноста е сексуално привлечена од сериски убиец. Младата жена која му испраќа љубовни писма на Брејвик не го открива своето име. Доаѓа од Шведска и е во своите дваесетти, а својот живот не може да го замисли без нејзиниот љубен. Таа прави сè во своја моќ за да му ги олесни условите на живот во затворот на Брејвик.

Инаку, тој е казнет на 21-година затвор, кои може да бидат продолжени доколку се смета за опасност за општеството. Брејвик уби 77 луѓе на 22 јули во 2011 година.

Првиот контакт со Брејвик анонимната жена го имала во 2007 година, кога се запознале преку онлајн-игра. На почетокот на 2012 година, таа повторно го побарала откако тој станал најомразената личност во Норвешка.

И таа не е сама. Имено, Брејвик добива најмалку 800 писма годишно, многу од кои се од женски обожавателки. За време на судењето во 2012 година, 16-годишна девојка го прашала да се ожени за неа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура