X
 03.09.2015 Култура

Како изгледало менито од бродот "Титаник"?

 мени

 

Менито со јадење кое се служело пред да потоне „Титаник“ кое треба да биде дадено на аукција кон крајот на септември, треба да достигне цена од 70.000 долари. Менито успеало да се „спаси“ од потонување такашто останало во џебот на еден од богатите патници кој успеал безбедно да се извлече од бродот.


Менито нуди овчо месо на скара, пилешко месо „A la Maryland“ и филети ромба. На него стои датумот 14 април 1912 година кога познатиот брод удрил во санта мраз и потонал на патот од Саутемптон до Њујорк.

Патникот Абрахам Линколн Соломон, кој го зел со себе менито, успеал да ја преживее трагедијата во чамецот за спасување број 1, познат како „чамецот за пари“. Во чамецот имало 12 луѓе, воглавно богати, иако неговиот капацитет бил за 40 луѓе. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура