X
 07.09.2015 Живот

Неделна временска прогноза



Во понеделник денот ќе го започнеме со постудено утро со утрински температури кои ќе се движат од 7 до 17 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и посвежо. Во попладневните часови во југозапаните, јужните и југоисточните предели со услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен и западен ветер.

Максималните температури ќе опаднат и ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени. УВ индек 5.

СКОПЈЕ - Во понеделник во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 28 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо. Максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 27 степени.

Во четврток облачно со поинтензивни врнежи од дожд и дополнителен пад на температурата. Максималната дневна температура ќе се движи од 9 до 19 степени. Услови за врнежи од дожд ќе има и во петок но само во претпладневните часови, попладне ќе биде умерено облачно. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 24 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот