X
 26.09.2015 Култура

Стефан Марковски добитник на наградата Македонска книжевна авангарда

  Добитник на традиционалната награда Македонска книжевна авангарда е авторот Стефан Марковски за збирката раскази Продавачот на ветар и магла и други приказни. Наградата ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.



Досегашни добитници на наградата се Елена Пренџова, Марина Мијаковска и Дејан Трајкоски.



Инаку, за ова негово иновативно, експериментално, специфично, концептуално и постмодернистичко книжевно дело Драги Михајловски подвлекува дека Стефан Марковски е несекојдневен автор во современата македонска книжевност и пошироко; Венко Андоновски констатира дека станува збор за извонреден стилист, концизен и двосмислен; Румена Бужаровска вели дека тој е концизен и јасен; Васил Тоциновски посочува дека тој забележува, критикува и опоменува, а Рајна Кошка ги издвојува дискретниот хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, оригиналната наративна техника и сложеното метафорично заокружување на расказот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура