X
 29.09.2015 Технологија

НОВ РЕКОРД: За три дена продадени 13 милиони ајфони

аппле

 

Од американската компанија Apple истакнуваат дека за три дена се продадени 13 милиони уреди од нивните мобилни апарати iPhone 6s и 6s Plus што го сруши рекордот на продажба од минатата година, кога во првата недела на лансирањето истите уреди на пазарот беа продадени за 10 милиони.


Овогодинешните резултати ја опфатија продажбата во Кина кадешто на пазарот излезе првата линија на модерни уреди. Од компанијата истакнуваат дека станува збор за модернизирани уреди со повеќе меморија, побрз процесор, нова камера по цена од 649 американски долари.

Се очекува дека уредот наскоро ќе биде достапен за продажба во 130 земји низ светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија