Продавницата за сладолед „Грам Београд“ вработува дегустатор на сладолед чија единствена работа ќе биде испробување сладолед во текот на цел ден. Токму за оваа позиција се појави оглас на официјалниот инстаграм-профил на „Грам Београд“, каде што продавницата ги поканува луѓето да означат личност која сака да го јаде овој летен десерт.
- Ќе ги контактираме профилите што ќе бидат најинтересни. Тагнете ги вашите пријатели и помогнете им да ја најдат својата работа од соништата - пишува продавницата.
Со оглед на тоа што огласот за работа е необичен, на социјалните мрежи им го привлече вниманието на многумина, не само на љубителите на сладолед.
Како што велат од продавницата, нивната идеја и цел е да ги мотивираат младите да станат независни и да започнат со работа. Токму затоа смислија позиција што секој би ја прифатил со насмевка.
- Со доаѓањето на работа, една млада личност би видела кои други позиции се прифатливи за неа. Дека може да напредува и дека работата на угостител не е професија како лекар, правник и претприемач, но дека не е срамота да се почне да се работи во кафуле. Секој бизнис може да биде успешен ако го правите со љубов - објаснуваат од продавницата.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Freepik