X
 19.10.2015 Култура

Во Русија, холограми ги спречуваат возачите од погрешно паркирање

Повеќе од 30% од возачите во Русија ги користат местата за паркирање оставени за хендикепираните лица. Нова кампања можеби ќе го промени ова.


„Dislife“, руска непрофитна организација, стои зад кампања во рамки на која се поставени проекции на вистинско хендикепирано лице кои се појавуваат секогаш кога нехендикепиран возач се обидува да паркира на погрешно место.

Специјални камери го препознаваат знакот за хендикепирано лице на автомобилот и во негово отсуство се појавува холограм кој го запира возачот од паркирање. Погледнете го ова во акција во видеото.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура