X
 12.11.2015 Живот

Какво време да очекуваме овој викенд?


 
Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, услови за појава на густа магла која ќе ја намали видливоста и под 100 метри се очекува во западните и северозападните предели. Во текот на денот сончево и топло. Слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 3 до 12 степени, а максималните дневни од 15 до 24 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде сончевои топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 21 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Сончево и топло ќе биде и во петок, а максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност. Во недела сончево и топло со малку пониски дневни температури кои ќе се движат од 10 до 18 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 14 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот