X
 12.11.2015 Технологија

Нема повеќе "исчезнати" авиони

Тешко е да се замисли дека во овој свет со постојано вклучен ГПС имаме случаи со загубени авиони. Кога еден авион исчезнува над океан, може да се претпостави дека се работи за мистерија, но кога тоа ќе се случи одново и одново, нешто е сомнително.


Постои технологија за следење на авионите, а вчера, Обединетите нации претставија сателити со кои авионите ќе се следат од вселената.

Претходно, авионите се следеа со помош на радарските сигнали кои ги пуштале и примале. Ова се смета за одличен систем за следење на авионите, но не е многу корисен за летање над океаните, кои покриваат приближно 71% од површината на Земјата.

Технологијата за комуникација на авионите и сателитите веќе постои, а сега ќе започне и да се користи. Спогодбата на Обединетите нации потпишана вчера овозможува користење на сателитите со кои ќе комуницираат авионите, со што ќе се овозможи нивно следење во текот на летовите и над океаните.

Имплементацијата се очекува за 2017 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија