X
 17.11.2015 Образование

Денес ќе се одбележи Меѓународниот ден на студентите - 17ти ноември



Студентската културна иницијатива „Отворен Куфер“ четврта година по ред го одбележува Меѓународниот ден на студентите - 17ти ноември.

"Оваа година, на овој најголем студентски празник, ќе создадеме културна зона на Филозофски факултет со тринаесетчасовна програма. Во рамки на програмата се организирани повеќе настани со различна содржина, и тоа: изложба на уметнички дела и ракотворби од студенти, презентација на летокот Homo Studentus, работилници, трибини, проекција на кратки филмови, поетско читање, перформанс и концерти" - изјавувааат од "Отворен Куфер".

Покрај Отворен куфер, во овој настан учество земаат и Младинско филозофско друштво, „Психеско“- прво македонско здружение на студенти по психологија, како и голем број студенти кои самостојно се вклучија во организацијата и реализацијата на овој настан.

"Традиционалното одбележување на меѓународниот ден на студентите го правиме со цел да ги информираме граѓаните за историјата и важноста на овој ден и да го оживееме духот на студентското самоорганизирање. Културната зона која ќе ја прогласиме во вторник на Филозофски факултет, ќе биде во форма на културен протест кој ќе ја изрази потребата за формирање студентски културен центар кој би бил јадро на студентското самоорганизирање и простор за слободно изразување на секој студент".

Целосната програма може да ја видите на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/536599026516156/

За дополнителни информации во врска со иницијативата и настанот, може да ја погледнете нашата фејсбук страница или нашиот блог

https://www.facebook.com/otvorenkufer/
https://otvorenkufer.wordpress.com/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование