X
 28.11.2015 Технологија

Српските научници прават револуција во снимањето на звукот

микрофон

 

Група на научници од Универзитетот во Белград развија микрофон базиран на графен кој се смета дека е значително почувствителен отколку оние микрофони кои се направени од никел.


Истражувачите создадоа вибрирачка мембрана - дел од кондензаторот на микрофонот кој го конвертира звукот во електричен сигнал - од графен, со што микрофонот станува почувствителен за 12 децибели, во споредба со стандардните комерцијални микрофони со ферквенција до 11 килохерци.

„Сакавме да покажеме дека графенот, и покрај тоа што е нов материјал, има потенцијал за реална примена ширум светот. Поради својата леснотија, високата механичка цврстина и флексибилност, графенот е како создаден да биде користен како материјал за акустична мембрана“, вели Марко Спасеновиќ кој е автор на истражувањето.

Истражувачите исто така симулирале графенска мемрбана со дебелина од 300 слоеви која покажала потенцијал за изведување на ултразвучни делови од спектарот.

Истражувањето било објавено во магазинот „2D Materials“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија