X
 03.12.2015 Култура

Ова се највлијателните луѓе од земјите членки во ЕУ

Порталот „Politico“ состави листа на личности кои се највлијателните во земјите членки на ЕУ.

 

влијание


На листата се најдоа 28 луѓе од 28-те членки на Европската Унија, кои имаат големо влијание во својата област на делување и кои можат да ја променат европската политика.

На листата, помеѓу останатите, се најде и конзервативниот и контроверзен унгарски лидер, Виктор Орбан, како и комесарот од Данска Маргрет Вестагер која започнала војна против големите компании.

„На луѓето им поставивме прашање која личност ја поврзувате со секоја од 28те земји членки, од Австрија до Велика Британија“, вели извршниот уредник на европското издајние на „Politico“, Метју Камински.

Листата не вклучува луѓе на највлијателните позиции или доста популарни луѓе, туку оние кои имаат големо влијание во својата област на делување.

„Луѓето на нашата листа имаат моќ да влијаат во својата област, без разлика дали тоа е во нивната земја или пошироко“, вели Камински.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура