X
 03.12.2015 Култура

Роботите и иднината на земјоделието

Земјоделието во 20-от век беше поврзано со се` поголема машина, меѓутоа новата генерација на производители гледа заслуги во малото и едноставното. Модерната роботика ветува трансформирање на земјоделскиот сектор.

 

земјоделие


Земјоделските експерти велат дека се` поголем број на млади луѓе ги напушптаат руралните средини и се преселуваат во градот. Тоа се одразува на глобалниот тренд кон се` поголема урбанизација, но тоа е сосема мала утеха за оние кои се загрижени за иднината на земјоделието.

Џејмс Андервуд, научен соработник од австралискиот центар за роботика на Универзитетот во Сиднеј вели дека драматичните демографски промени предизвикуваат нестабилност на работната средина во руралните средини. Тој смета дека барем дел од решението лежи во лабораториите и развојот на таканаречени „агботови“: мали роботски единици кои можат да бидат распоредени на фармите за работа која некогаш ја извршувале луѓето.

 

2


Додека стравот од роботоски индуцирана невработеност може да биде алармантно за градовите и предградијата, сепак во селата, можноста роботите да ја преземат целата работа се покажува како благослов.

Автоматизираните машини го пополнуваат недостатокот на човечка работна сила, а експертите се надеваат дека високо-технолошката природа на роботиката може да биде поттик за младите да се преселат во селата.

Комерцијалната градинарска фарма „ACFR“ неодамна го претстави својот најнов „агбот“ наречен „Ladybird“ - софистициран автономен робот кој се напојува со соларна енергија и е способен за извршување на различни задачи меѓу кои и лоцирање и елиминирање на плевел преку насочен распрскувач.

Но, овој робот е еден од многуте роботски платформи под развој. Исто така, постојат и неколку видови на беспилотни летала и автономни ровери.

„Овие возила се одлични, особено со сечењето на дрвјата. Роботите се опремени со различни сензори кои имаат огромен електромагнетен спектар, користејќи ласери за изградба на три-димензионални слики од светот“, вели Андервуд.

Со помош на роботите автоматски се детектира бројот на цвеќињата и овошјето и роботите даваат и мапи и информации на овоштарите. Овие информации се доста корисни за одредување на способноста. Овоштарите можат да погледнат во информациите и можат да ги идентификуваат проблемите и да работат за да ги решат.

 

агботи


Постојат доста придобивки за животната средина преку користење на „агботите“, а една од нив е и намалување на употребата на хербициди. Со оглед на тоа што овие машини имаат различен пристап кон уништувањето на плевелот, вкупната употреба на земјоделските отрови може да биде значително намалена и да достигне до 40%, велат истражувањата направени од Квинсленд универзитетот за технологија.

„Голем дел од придобивките одат заедно со еколошките придобивки и мислам дека иднината на земјоделието со роботиката е поекономична и поеколошка операција“, вели Џејмс Андервуд.

Според агрономот Невил Крук, користењето на малата роботика исто така ја зголемува можност за зголемување на вкупниот износ на продуктивно земјиште.

„Во моментот големите земјишта се најважни во земјоделието. Постои доста земја која не се обработува затоа што ова обично се мали површини. Но, сега тоа ќе се промени и малите површини ќе станат доста продуктивни. Не е ништо лошо со почвата, едноставно потребна ни е технологија за тоа да го направиме ефикасно“, вели Невил Крук. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура