X
 08.12.2015 Живот

Во кои проценки најмногу греши светот?

Колку навистина знаете за светот? Ново истражување спроведено за да ги провери погрешните мислења и сфаќања на луѓето за универзалните теми како дебелина, религија и богатство покажува дека не знаеме онолку колку што мислиме.


Истражувањето наречено „The perils of perception 2015“ спроведено на испитаници од 33 земји ширум светот ги рангира државите според „индекс на незнаење“. На пример, дали знаете колкаво богатство контролираат оној 1% најбогати?

Најразвиените земји го преценуваат ова. Велика Британија мисли дека тие имаат контрола на 59% од богатството, а вистинскиот процент изнесува 23%. Во Русија, пак, жителите мислат дека 23% од богатството во земјата е во контрола на најбогатите, а вистината е дека најбогатите имаат 70% од богатството.

Речиси секоја земја го потценила процентот на луѓе со зголемена телесна тежина. Просечно, тоа е 54% од населението, а луѓето мислат дека е околу 40%. Во поглед на религијата, Индијците веруваат дека една третина од нивната земја е нерелигиозна, а помалку од 1% се нерелигиозни реално.

„Од 33-те земји во студијата, секое население греши многу. Најчесто грешиме за фактори за кои се дискутира јавно во медиумите“, вели Боби Дафи, кој го водел истражувањето.

Мексико се наоѓа на врвот на индексот на незнаење, односно населението таму најмногу греши во својата проценка. По Мексико следуваат Индија, Бразил, Перу и Нов Зеланд.

Од друга страна, најмалку грешат Јужна Кореја, Ирска, Полска, Кина и САД.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот