X
 15.01.2021 Забава

Вака изгледа кога ќе вклучите светло во соба обоена со најтемната црна боја

Низ светот постојано се создаваат црни бои кои се потемни и потемни, колку и да звучи неверојатно. Видео од „Екшн леб“ на „Јутјуб“ се обидува да покаже дека моментално најтемната црна боја навистина е најтемна.

Во видеото сопственикот на каналот обоил цела соба, која ја изградил специјално за оваа потреба, со најтемната црна боја создадена досега - бојата мису црна. Потоа го вклучил светлото за да види како изгледа кога ѕидовите апсорбираат над 99% од светлината во просторијата.

Резултатите се неверојатни, особено начинот на кој светлината се менува кога тој се движи во собата и како изгледа просторијата кога вратата е отворена. 


Автор: Дерја Оздемир
Извор: interestingengineering.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава