X
 15.02.2023 Економија

„Нетфликс“ ја намали цената за претплата во Македонија

„Нетфликс“ ги намали цените во Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Словачка и во Бугарија.

Основниот пакет сега изнесува 4,99 евра (наместо 7,99 евра), стандардниот чини 7,99 евра (наместо 9,99 евра), а премиум пакетот чини 9,99 евра (наместо 11,99 евра). Ова е првпат како „Нетфликс“ ги намалува цените во која било држава, пишува „Алертифај“.

Платформата е достапна во над 190 земји и има над 200 милиони претплатници.

Извор: Alertify
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија