X
 02.11.2023 Култура

Најдобрите нови наслови што доаѓаат на „Нетфликс“ во ноември

Есента е идеално време за уживање во добри филмови и серии, а „Нетфликс“ подготви богата понуда за ноември. Меѓу другото, месецов на популарната платформа доаѓаат и документарни филмови за Силвестер Сталоне и Роби Вилијамс. „Нетфликс“ најави и продолженија на популарни серии, но и божиќни филмови кои многумина ги сакаат. Еве неколку наслови што вреди да се погледнат месецов.

„Итар“ (Sly) - 3 ноември

Како што е наведено во описот на новиот документарен филм, биографијата на Силвестер Сталоне е многу слична со онаа на Роки, улогата што го направи ѕвезда. Станува збор за возбудлива приказна за едно храбро момче од соседството кое се потрудило да постигне светска слава. И тогаш го направи тоа повторно, кога веќе сите го заборавија.


„Убиецот“ (The killer) - 10 ноември

Филмот кој беше премиерно прикажан во Венеција ќе ги воодушеви и гледачите на „Нетфликс“. Во режија на Дејвид Финчер, станува збор за психолошки акционен трилер за убиец кој почнува полека да го губи разумот.


„Круната“ (The crown) - 16 ноември

Последната сезона на серијата го следи периодот од 1997 до 2005 година и ќе опфати некои од клучните моменти во поновата историја на кралското семејство, вклучувајќи ја и трагичната смрт на принцезата Дијана во 1997 година. Последниот дел од кралската драма ќе биде емитуван во два дела - првите четири епизоди ќе бидат достапни на 16 ноември, а другите шест епизоди на 14 декември.


„Игра со лигни: предизвик“ (Squid game: the challenge) - 22 ноември

Реалното шоу снимено врз основа на популарната јужнокорејска серија пристигнува во ноември. Вкупно 456 играчи ќе се натпреваруваат за да освојат 4,56 милиони долари. Преку серија игри, секој играч ќе биде доведен до своите граници и принуден да се запраша до каде ќе оди за победа.


„Најдобар. Божиќ. Досега!“ (Best. Christmas. Ever!) - 16 ноември

Секој Божиќ Џеки испраќа празничен билтен поради кој нејзината стара пријателка Шарлот се чувствува лошо. Кога Шарлот и нејзиното семејство пристигнуваат на снежниот праг на Џеки само неколку дена пред Божиќ, таа ја користи можноста да докаже дека животот на нејзината стара пријателка сепак не може да биде толку совршен.


„Речиси нормално семејство“ (A nearly normal family) - 24 ноември

Семејството Сандел е нормално семејство кое го сочинуваат свештеникот Адам, адвокатката Улрика и нивната 19-годишна ќерка Стела. Тие живеат навидум совршен живот, но еден ден сè се менува кога Стела завршува во притвор, обвинета за убиство. Нејзините родители не знаат што да прават. Сакаат да ѝ помогнат на Стела по секоја цена, но дали навистина ја познаваат својата ќерка? 


Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура