X
 15.08.2016 Наука

Како звучи тишината од -20 децибели?

Скриена длабоко во зградата 88 во кампусот на „Мајкрософт“, се наоѓа официјално и најтивката соба во светот. Тука е толку тивко што собата влезе во Гинисовата книга на рекорди.

-Поминав само 5 минути во собата заедно со Гопал, главниот инженер во аудио-лабораторијата на „Мајкрософт“ и мислев дека ќе полудам - вели Мет Вајнбергер.

„Мајкрософт“ ја создал оваа просторија позната како „комора без ехо“ за во неа да извршува различни испитувања и тестирања и да создаде подобри звучници за лаптопи и таблети. Но, компанијата не сакала само тивка соба. Таа сакала најтивка. Гопал објаснува дека најмалата гласност (или најголемата тишина) која е возможна на Земјата може да се постигне на -23 децибели. Имено, толкава е гласноста која ја произведуваат молекулите на воздухот кога се одбиваат едни од други. Тишината во собата изнесува -20.3 децибели.

Штом вратата се затвори, веднаш се забележува разликата: звукот престанува да патува, не се одбива од ѕидовите, вревата во позадина исчезнува, обичниот разговор звучи пригушено, а звукот едвај патува.

-После неколку минути во собата, Гопал замолил за 20 секунди апсолутна тишина. Тишината речиси беше болна поради што ми се јави чудно зуење во главата. Беше доста непријатно, а подоцна дознав дека сите така се чувствуваат - објаснува Вајнбергер.

Кога повторно започнавме да разговараме, бев дезиорентиран. Да поминев уште некое време во собата, целосно ќе полудев - завршува тој.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука