X
 15.11.2019 Образование

Почнува „Ноември - месец на науката“ на ПМФ

На Природно-математичкиот факултет во Скопје утре почнува манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“. До крајот на месецов на повеќе институти на ПМФ ќе се одржуваат научнопопуларни предавања, натпревари и експерименти, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

Настанот е наменет за учениците од основните и од средните училишта и за наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика. Така, наредните три саботи во различни групи ќе се натпреваруваат ученици од одделенска, од предметна настава и средношколци.

Манифестацијата ја организираат Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник“ (ИДСГ – Природник), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и ПМФ.

Манифестацијата се одржува третпат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование