X
 15.12.2020 Култура

Вечерва премиера на најновата новогодишна сказна „Подароци од планетата Заз“!

Вечерва, во 19 часот, ќе можете премиерно да ја гледате новогодишната сказна од „Светот на Биби“. Таа ќе биде достапна за сите деца на платформата edukacija.svetotnabibi.mk. Главна улога, покрај Биби и Боби, имаат Дедо Мраз од Заз и новите зазулчиња. Новите пријателчиња се малку палави, па така, кога Дедо Мраз од Заз тргнува кон планетата Земја, кон домот на Биби и Боби, тие се качуваат на неговиот вселенски брод.

Дедо Мраз од Заз безгрижно оди кон Земјата, не знаејќи дека го демнат лошите пирати. Што ќе се случи понатаму, дознајте премиерно од сказната.Во продолжение е најавното видео за најновата сказна, која ја направивме со многу љубов за сите деца: Регистрацијата на нашата нова платформа е многу едноставна и бесплатна.



Покрај новогодишната песничка и новогодишната сказна, таму ќе биде достапна и 25-минутна емисија со цртаните ликови. Емисијата ќе може да ја гледате на 31 декември во 19:00. Ви ветуваме забава за целото семејство! На edukacija.svetotnabibi.mk ќе може премиерно да ги гледате сите содржини што ќе ги подготвуваме во новата 2021 година. А, ќе ги има многу!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура