X
 15.12.2023 Забава

Ова се најдобрите празнични реклами за 2023 година

Сезоната на празници пристигна! Насекаде можат да се слушнат божиќни песни, а големите брендови се приклучуваат на овој тренд правејќи реклами поврзани со Божиќ.

Без разлика дали станува збор за Дедо Мраз што танцува или за пријатна приказна за љубовта и семејството, ова се некои од најубавите празнични реклами за оваа година.

Рекламата „Збркани чувства“ на „Епл“

 

„Епл“ неодамна ја објави својата реклама. Четириминутното видео користи „стоп-анимација“ за да раскаже една симпатична приказна која покажува како луѓето можат да изгледаат како Скруџ, но всушност сакаат да се дружат. Главниот лик во рекламата прво се плаши од шефот, за подоцна да сочувствува со него, а видеото завршува кога двајцата заедно ручаат. Рекламата покажува дека треба да го видиме доброто кај луѓето.

„Приказна за паметење“ од „Шевролет“

 

Оваа емотивна петминутна реклама на автомобилската компанија ќе ве расплаче. Рекламата прикажува семејство каде што фокусот е на бабата која се чини дека страда од губење на меморијата. Шевролет нѐ потсетува да го негуваме времето со саканите во оваа празнична сезона. Помладиот член на семејството ја зема бабата за да ја повози до важните локации во нејзиниот живот и на крајот таа почнува да се сеќава на своето минато. Емотивниот крај доловува прекрасен момент кога мажот и жената се гушкаат додека таа му се придружува на семејството за време на празничната вечера.

„Празнична ноќна треска“ од „Кепитал уан“


 

Многу празнични реклами можат да бидат доста емотивни, додека други се забавни. Тоа е случајот со рекламата на „Кепитал уан“ во која Џон Траволта е облечен како Дедо Мраз. Тој оди низ различни продавници купувајќи со кредитна картичка пред да почне да танцува на култната песна „Staying Alive“.

„Секој може да биде Дедо Мраз“ на „Кока-Кола“

 

Оваа возбудлива реклама ја истакнува радоста во празничната сезона. Во рекламата има еден куп Дедо Мразовци кои си прават добри дела еден на друг, на пример, еден му го дава последниот газиран пијалак на својот другар Дедо Мраз, а еден Дедо Мраз му помага на друг да крене тегови. Важно е да им помагате на другите за време на празниците.

Извор: Northjersey.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава