X
 14.07.2022 Технологија

Наскоро можеби ќе гледаме реклами и на заклучен екран на телефонот

Корисниците на мобилен телефон просечно го отклучуваат 70 пати дневно, а девет од 10 пати прво погледнуваат во заклучениот екран на телефонот.

Корисниците на телефон што користат „Андроид“ би можеле за два месеца да гледаат реклами наместо фотографии на заклучениот екран. Ова се однесува барем на корисниците на САД.

Индиската огласувачка компанија „Гленс“ преговара со американските оператори за лансирање неколку модели на паметни телефони кои на заклучениот екран би покажувале огласи или реклами. Заклучениот екран би можел да прикажува и вести, видеа, игри и огласи. Содржината се приспособува или исклучува во зависност од навиките и желбите на корисниците.

Во Азија околу 400 милиони корисници на паметни телефони веќе имаат огласи на заклучениот екран.

По истиот пат би можела да тргне и компанијата „Епл“ бидејќи се претпоставува дека новата верзија од нејзиниот оперативен систем за мобилни телефони ќе има можност за прикажување содржина на заклучен екран. Од компанијата навеле дека под содржина се мисли на вести, известувања, календар, пораки и слично, но не одбиле дека ќе има и реклами.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија