X
 12.01.2016 Образование

Ако сакате поквалитетна настава, ценете ги тие што предаваат

Универзитетите во Велика Британија имаат глобална репутација заради високото ниво на учење кое се практикува на тамошните универзитети. Тие привлекуваат голем број на странски студенти (14 отсто), што е повеќе од било која друга земја во Организацијата за економска соработка и развој, освен САД каде овој број е 21 отсто, пренесува „Гардијан".



Учењето во својата суштина е причина за толку многу луѓе да учат во оваа држава, а тоа го прават дури 200.000 вработени на универзитетите. Повеќе од 100.000 лица од наставниот кадар, односно повеќе од половина од вкупниот број, се во несигурен работен однос. Тие што потпишуваат договори на една година се вистински среќници. Десетици илјади имаат договори со кои за нивниот ангажман се плаќаат од час, а 20.000 имаат некаков друг вид договор. Оваа непостојаност е, „валканата тајна високото образование".

Дали е важно тоа што оние што ги учат нашите деца на универзитет се вработени на определен рок, често живеат просечно и имаат мал пристап до обуки и професионален развој? Вистината е дека има премногу големи учители кои имаат достигнувања не поради системот кој ги вработува.

Како што се приближува времето за реформи на универзитетите, Владата мора да се фокусира на растечкиот проблем со несигурните услови за работа, пренесува „Гардијан"

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование