X
 25.11.2022 Забава

Овен Вилсон открива зошто неговата позната фраза ја кажува во 27 филма

Холивудскиот актер Овен Вилсон освои многу гледачи со своите улоги, а доколку сте негов лојален обожавател, можеби сте забележале дека тој со години во своите филмови ја кажува неговата позната фраза „wow“. Сега објаснува зошто ја кажува.

Вилсон е најпознат по улогите во комедии, а често може да се слушне како извикува „wow“ во неговите филмови, што веќе стана фраза по која тој лесно се препознава.

Актерот објаснува зошто го кажува овој збор безброј пати уште од неговиот дебитански филм „Ракета од шише“ (англ. „Bottle Racket“) велејќи дека тоа е еден вид знак за неговите обожаватели.

- Тој збор е за моите вистински обожаватели и е еден вид „намигнување“. Ако сте доволно среќни да бидете еден од од нив, тогаш тоа е мал сигнал за вас - објаснува актерот.

Вилсон продолжи да го употребува зборот во уште 27 од 52. филма во кои се појавува, изговарајќи го 81 пат. Неговите обожаватели собраа и занимливости за неговата фраза, па така оваа фраза Вилсон најмногу ја користи во филмот „Полноќ во Париз“ (англ. „Midnight in Paris), каде што ја изговара дури 7 пати.

Вилсон е свесен дека неговите обожаватели го сакаат овој збор, а еднаш му приредиле и настан на кој се собрале во голема група за заедно да го кажат неговиот омилен збор. Исто така, на „Јутјуб“ е направена компилација од филмови до 2017 година во кои Овен ја користи оваа фраза.



Извор: Yahoo.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава