X
 07.11.2018 Технологија

Пронаоѓачот на интернетот: „Разочаран сум од моменталната состојба на интернетот“

- Технолошките гиганти како „Фејсбук“ и „Гугл“ се толку доминантни, што треба да се преземат мерки за да бидат спречени, освен ако некои промени не го намалат нивното влијание - вели Тим Бернерс-Ли.

Бернерс-Ли, компјутерски научник кој ја измислил светската мрежа (www - world wide web) во 1989 година, вели дека е разочаран од сегашната состојба на интернетот, по скандалите во врска со злоупотребата на личните податоци и употребата на социјалните медиуми за ширење омраза.

Дигиталната револуција предизвика неколку американски технолошки компании од 90-тите години сега да имаат и финансиска и културна моќ поголема од повеќето суверени држави.

интернет
Фото: iStockphoto


- Она што природно се случува е дека ќе завршите со една компанија што доминира на теренот, па низ историјата не постои алтернатива за разбивање на работите; постои опасност од концентрација - вели Тим.

Тој повикува на претпазливост, велејќи дека брзината на иновациите во технологијата би можела да ги намали најголемите фирми.

Бернерс, кој сега е професор на Технолошкиот институт во Масачусетс и на Универзитетот во Оксфорд, изрази разочарување од начинот на кој компанијата „Кембриџ аналитика“ доби лични податоци на 87 милиони фејсбук-корисници. Тој вели дека скандалот беше критична точка за многумина.

- Разочаран сум од моменталната состојба на интернетот. Го изгубивме чувството на индивидуално зајакнување и до одреден степен мислам дека распука и оптимизмот - вели Тим.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, се извини по скандалот со „Кембриџ аналитика“ и вети дека ќе направи повеќе за да ги заштити податоците на корисниците. Но, социјалните медиуми и понатаму се користат за пропагирање омраза, вели Тим.

- Ако ставите капка љубов на „Твитер“, се чини дека ќе се распадне, но ако се стави капка омраза, тогаш можете да почувствувате дека се пропагира многу посилно и човек се запрашува: „Дали е тоа поради начинот на кој ’Твитер‘ бил изграден како медиум?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија