X
 20.01.2016 Живот

Совети за подобрување на вашето резиме

Доколку се обидувате да пронајдете работа после неколку години работење во една компанија (или невработеност), тогаш на вашето резиме дефинитивно му е потребно преуредување.

 

резиме


Системот за следење на резимеа и нивно скенирање (ATS) стануваат се` повеќе софистицирани, давајќи им можност на кандидатите да внесат малку креативност во нивната работа.

„Голем дел од системите ATS сега можат да прочитат PDF документи, такашто кандидатите за работа можат да бидат покреативни“, објаснува писателот и авторот Венди Енелоу.

„На пример, повеќето системи ќе прифатат и прочитаат документи кои содржат табели и графикони, се` додека текстот не во формат на слика“, додава тој.

За да го привлечете внимание на дигиталните или човечките рецензенти, потребен ви е документ кој ги одразува најновите трендови за пишување на документи. Ова се неколку работи од кои треба да се содржи вашето резиме.

1. Визуелизирање на вашите достигнувања


Во вашето резиме потребно е да има графикони и фотографии кои го покажуваат влијанието од вашите технолошки активности, такашто ова би било одличен начин да го привлечете вниманието на работодавците. Сепак, системот ATS може да не чита податоци во фотографии, па затоа подобрете ги вашите шанси со вметнување на соодветни клучни зборови во текстот од вашето резиме.

2. Нагласување со користење бои


Доколку сакате да ги истакнете поважните постигнувања во вашето резиме, тогаш дефинитивно треба да користите одредена боја за да го направите тоа. Како општо правило, боите треба да бидат усогласени со вашата приказна за професијата, кариерата и полето на индустрија; доколку сте постигнале нешто навистина значајно во одредена компанијата, тогаш користете боја за да го нагласите овој релевантен факт.

3. Контекстуални клучни зборови


ATS платформите не само што скенираат клучни зборови, туку компјутерските апликации бараат и контексти за да изберат резимеа. „Софтверот мери колку пати сте употребиле софтвер или алатка“, објаснува Палмер. „Такашто, технолошките професионалци треба да обезбедат контекст преку силни примери и вештини.

4. Комбинација на формати

Комбинациското резиме, кое започнува со краток профил или резиме на вашите клучни вештини и достигнувања е проследено со хронолошка историја од вашето работно искуство, и претставува едно од најефективните структури на резиме. Форматот овозможува прилагодување и им овозможува на работодавците да имаат увид во вашите најдобри достигнувања, акредитиви, технички сертификати и награди.

Што треба да исклучите од резимето:


Лош фонт

Иако Times New Roman се`уште се користи во 80% од резимеата, сепак голем број експерти за резиме велат дека тоа не е најдобриот фонт. Најдобро би било да користите модерен фонт кој добро се чита и е добар во печатена форма и на компјутер како на пример Arial, Calibri, Verdana, Georgia, Tahoma или Cambria.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот