X
 13.08.2025 Образование

УКЛО КОЛОРС студенти – нова генерација успешни млади со живописна академска приказна

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го гради својот имиџ како простор каде талентот и активизмот на студентите не само што се препознаваат, туку и се негуваат. Во текот на академската година повеќе студенти од сите циклуси и млади академски кадри со својата посветеност, ентузијазам и енергичност покажуваа дека успехот е резултат на упорност, поддршка и вклученост во севкупниот универзитетски живот.

- Почувствував дека мојот труд конечно е забележан - споделува Елена Шалевска, лекторка на Педагошкиот факултет, која тукушто ги заврши студиите на трет циклус. 

1

- И не станува збор само за некакво обично признание. УКЛО ти дава можности за развој и апсолутна поддршка на патот до целта. Кога започнав со студиите од трет циклус најмногу ја забележав важноста од ваквата постојана, вистинска поддршка - поддршка од менторите, од административниот кадар, од колегите студенти... Оваа поддршка ме охрабри да продолжам да учам - да ги унапредувам моите вештини и да го развивам својот потенцијал - вели Шалевска, која е особено активна и во меѓународни истражувачки проекти. 

За неа УКЛО значи патека што води кон раст и нови можности.

eva

- Студирањето на УКЛО е поглавје што создава кариерен темел, но и лично оформување – поткрепено и поддржано од големи луѓе. Ништо не може да се спореди со тоа кога знаете дека некој верува во вас, а тоа е најсилен мотив. Тогаш веќе не станува збор за лично доживување, туку за успех, затоа што ниедна работа не е индивидуална - споделува Ева Нешкоска, студентка на втор циклус студии, која активно учествува во настани и студентски работилници на кои ја пренесува својата ентузијастичка енерија во проекти што придонесуваат за заедницата. 

- Искрената посветеност на она што ве инспирира, на УКЛО, за возврат носи уште поголеми причини за понатамошно создавање.

Катерина Стојкоска, технички уредник на гласилата УКЛО КОЛОРС студенстки магазин и „Унверзитетски глас“, својата универзитетска приказна ја гледа како микс од академски и истражувачки ангажмани, каде што трудот и континуитетот се клучни за успех.

2

Во 2025 година студенти од УКЛО беа дел од бројни различни активности – од спортски трки, културни настани, до иницијативи за поддршка на општеството и научни конференции во кои студентите ја покажаа својата енергија преку креативни активности кои спојуваат наука, уметност и солидарност.

Покрај академските успеси, голем дел од студентите добија стипендии од водечки компании и организации, што ја потврдува нивната посветеност и поддршката од општеството.

marija

- Ова е поттик да продолжам понатаму, да се надградувам и да придонесувам во секоја сфера, Тоа што нашите професори од УКЛО се потрудија да бидеме добри луѓе е, всушност, и нивна награда. Чесен и добар поединец, ученик, студент - се воспитува од добро воспитан учител и мудар наставник. Во духот на аманетот на нашиот Свети Климент, се потсетуваме на доблеста за самопрегорност: за себе, за доброто на другите и за општо добро - вели Марија Николоска, една од најдобро дипломираните студенти.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, дава силна поддршка на иницијативите што го препознаваат потенцијалот на младите и заложбата УКЛО да развива и унапредува отворена и поттикнувачка академска средина. Како универзитет кој постојано се стреми кон создавање инклузивна и мотивирачка академска клима, УКЛО ја препознава важноста од систематска поддршка на студентите и нивното насочување кон личен и професионален развој.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование