X
 08.03.2016 Култура

УГД организира велосипедска трка "Со велосипед на факултет"



Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Велосипедската федерација на Македонија ќе организира велосипедска трка под мотото „Со велосипед на факултет“. Трката е наменета за рекреативци и лиценцирани натпреварувачи, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓани.

Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ ќе се организира на 27 март 2016 година (недела), како дел од активностите што УГД ги предвидува во рамките на одбележувањето на патрониот празник.

Повеќе информации за настанот и начинот на пријавување прочитајте на ОВОЈ ЛИНК (UGD LIFE)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура