X
 15.03.2016 Култура

Компјутерите и технологијата во социјалистичкиот систем (1984)

Во 1984 година, во Југославија се проценувало дека има 20.000-30.000 лични микрокомпјутери. Ниту еден од тие компјутери не стигнал во земјата легално бидејќи воошто не биле забележани на царинскиот список. Во една статија од српски весник од таа година се наведува дека „силициумската долина“ некогаш бил мит кој се шири низ светот, но и се дешифрира.


Имено, во статијата се пишува за индустриската револуција во Калифорнија која технички ориентираните луѓе ја гледаат како Мека на прогресот и своите шанси. Економистите во САД истовремено покажувале како грижата за невработеност во САД може да се елиминира бидејќи ќе бидат потребни млади експерти, а социолозите расправале за нови начини на живот и цивилизација.


Младите компјутерски фанатици од целиот свет таа година биле занесени од легендите во „силициумската долина“ како Стивен Џобс и Стивен Вознијак, кои го продале својот автомобил за да добијат почетен капитал и позајмиле пари за да произведат 50 компјутери за по 4 години да имаат бизнис вреден 335 милиони долари.

Она со што се занимавале технолошките медиуми во 1984 година била дилемата дали да се развива нов индустриски сектор од „сопствен ум“ или да се поврзува со странството.

„Никаков ум на потомок на Никола Тесла не може ни во техничка смисла да ја надокнадат веќе длабоката дупка на заостанување“, пишува во „Југопапир“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура