X
 17.07.2017 Живот

Оптичка илузија што го подобрува вашиот вид

Не сите оптички илузии постојат за да нè збунат. Постојат и такви што можат да му помогнат на нашиот вид.

Гледајќи во оптичката илузија во продолжение, ние може да ја подобриме нашата способност подобро да ги забележуваме деталите и да го подобриме нашето пишување, велат истражувачите од Универзитетот во Јорк и Универзитетот во Глазгов.

Илузијата е наречена „последица од проширување на движењето“. Гледајќи во неа, може да предизвика предметите да изгледаат поголеми отколку што навистина се.

Истражувачите побарале од 74 лица 30 секунди да го следат спиралниот образец или во насока на движење на стрелките на часовникот или спротивно.



Потоа од нив било побарано да идентификуваат сет на букви на „logMAR“ табела за очи - истата табела која се наоѓа на офталмолог, со мали редови на букви. Истото било побарано од нив и пред да започне тестирањето.

Истражувачите откриле дека видот на учесниците се разликува во зависност од спиралата што ја гледале. Оние што гледале спирала која се движела во насока на движењето на стрелките на часовникот имале подобра визија подоцна, иако истражувачите откриле дека подобрувањето на видот не е трајно.

Но оние што ја гледале спиралата која се движела во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот, привремено искусиле влошување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот