По повод 21 март, Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, Александар Матовски Цако, младо момче со Даунов синдром се обрати со свој говор во седшитето на Обединетите Нации.
![2](/images/news/2016/03/20160322-govorot-na-nashiot-aleksandar-matovski-vo-sedshiteto-na-obedinetite-nacii-m.jpg)
Во неговиот говор Александар стави акцент на неговата лична приказна и покажа дека неговата редовна вклученост во образовниот систем, социјалната интеграција како и поддршката од институциите и околината, му помогнале во формирањето како личност и во градењето на неговата независност и самостојност.
Александар на конференцијата беше во придружба на својата сестра Марија Матовска. И покрај тоа што на Александар му бил дијагностициран Даунов синдром, неговото семејство одлучило да се бори за нивното дете да добие исто образование како и секое дете. Александар е првиот студент со Даунов синдром во Македонија. Воедно, тој е еден од најистакнатите борци за човекови права и правата на лицата со Даунов синдром.
Погледнете го неговото обраќање.