X
 08.05.2025 Технологија

Кога роботот ќе излезе од контрола: Погледнете го хаосот што потсетува на „Терминатор“

Трендовите на технолошкиот пазар ја покажуваат насоката во која би можела да оди технологијата, а и човештвото. Вештачката интелигенција ќе стане неизбежен дел од нашите животи, и деловни и приватни, а роботите ќе играат сè поважна улога. „Тесла“ е една од компаниите што инвестираат многу ресурси во роботика, а на пазарот има различни конкуренти, вклучувајќи и многу кинески компании.

Иако вештачката интелигенција и роботите првенствено се замислени како технологија што треба да ни помогне и да ни го олесни животот, јасно е дека постои потенцијал работите да тргнат во погрешна насока. Кога зборуваме за вакви негативни последици и вртење на технологијата против луѓето, повеќето луѓе прво помислуваат на легендарниот филм „Терминатор“.

Иако, барем засега, не треба да се плашиме од вакви сценарија, ситуација од кинеска фабрика покажува што може да се случи ако ја изгубиме контролата врз роботите. И токму тоа се случило во фабриката, чии снимки се прошириле на социјалната мрежа „X“.

Работникот избегнал сериозни повреди

Како што може да се види на видеото, роботот, кој бил опкружен со две лица, излегол од контрола и почнал енергично да мавта со рацете во правец на вработен, кој, се чини, го активирал. Неконтролирано ги фрла рацете и испушта работи, но бидејќи е поврзан со некаква платформа, не може да стигне предалеку.

За среќа, човекот успеал да го заобиколи роботот и го исправил столбот на кој бил поврзан роботот, по што тој се смирил. Коментарите за ова видео се очекувани, па еден корисник на „X“ напишал дека востанието на роботите би можело да изгледа вака, а друг напишал дека роботот се претворил во Терминатор.

Од друга страна, оние што се малку помалку апокалиптични настроени напишале дека не станува збор за востание на роботи, туку за некаква софтверска грешка.

Додека „Њујорк пост“, кој ја опиша ситуацијата како дистописки научнофантастичен трилер, напиша дека инцидентот се случил за време на тестирање на робот, како одговор на прашање од корисник на „X“, чет-ботот со вештачка интелигенција „Грок“ напиша дека видеото е од февруари оваа година и дека роботот не се расипал за време на тестирањето, туку за време на некаков фестивал.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија