X
 31.03.2016 Живот

Психолошки тест кој открива се` за вас

Замислете дека се наоѓате во шума и пред вас е пат. Земете пенкало и хартија и запишете ги одговорите на следните прашања. Не размислувајте многу туку запишете го она што навистина прво ќе ви дојде на ум.

Прашања:

1. Замислете дека одите со некој низ шума... Кој би можел да биде тоа?

2. Движејќи се низ шумата недалеку од себе гледате животно. Кое е тоа животно?

3. Што се случува откако ви се среќаваат погледите?

4. Продолжувате да одите низ шумата. Излегувате на ливада на која здогледувате куќа од соништата. Како би ја опишале нејзината големина?

5. Дали вашата куќа од соништата има ограда?

6. Влегувате во куќата. Одите во трпезаријата и гледате маса. Опишете што гледате на неа и околу неа.

7. Ја напуштате куќата низ задната врата и гледате пехар на тревата. Од кој материјал е направен?

8. Што би направиле со пехарот?

9. Доаѓате до крајот на дворот и оттаму гледате река. Колкава е реката?

10. Мора да ја поминете реката. Како ќе ја поминете?


Резултати:

1. Човекот кој оди покрај вас е најважната личност во вашиот живот.

2. Големината на замисленото животно е големина на вашите проблеми во вашата потсвест. Колку е поголемо животното, толку ви е потежок животот.

3. Начинот на кој реагирате на неочекуваната средба во шумата најдобро го покажува начинот на решавање на вашите постоечки проблеми (агресивен, пасивен или бегство).

4. Големината на куќата е големина на вашите амбиции. Ако куќата е преголема, можно е да имате преголеми очекувања од животот.

5. Ако оградата не постои, вие сте отворен и слободен човек. Ако куќата има ограда, значи вие цените личен простор и тоа го очекувате и од другите.

6. Ако во трпезаријата не гледате луѓе, цвеќе или храна на масата, тогаш постои голема веројатност дека длабоко сте несреќни. Колку повеќе работи има, толку сте посреќни.

7. Цврстината и долговечноста на материјалот од кој е направен пехарот покажува колку ви е цврста врската со личноста која шета низ шумата со вас.

8. Она што го правите со пехарот во мислите го карактеризира вашиот однос со човекот од првото прашање.

9. Големината на реката е големина на вашиот сексуален апетит.

10. Колку „помокар“ начин за преминување на реката одберете, толку е поголемо значењето на сексот во вашиот живот.

Тестот може да го решавате повторно и на секои неколку дена. Овој тест ги претставува психолошките карактеристики на личноста во даден момент, не во целост.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот