X
 06.05.2016 Живот

Доколку "Friends" беше снимана во Македонија...

 

1. Живеат во двособно станче и делат кирија од 200 евра.


2. Секој ручек е придружуван со ајвар.

3. Сите ликови имаат членска книшка од ВМРО (освен Фиби) и се вработени преку ВМРО. :)

4. Рос е член на МАНУ.

5. После разводот со Керол, целото соседство ги озборува и ја осудува Керол поради тоа што е хомосексуалец.

6. Џои е пропаднат актер и единствен приход има од позајмувањето на неговиот глас во турските серии.

7. Рејчел успева да пронајде работа во јавна администрација.

8. Моника не е готвачка туку кафе куварка во ШТАБОТ.

9. Фиби е дел од Шарената револуција.

10. Моника и Чендлер прават огромна венчавка за која подигнуваат кредит и го плаќаат цел живот.

11. Сите епизоди со сцени од минатото се одвиваат за време на Југославија.

12. Џои ја добива првата голема улога како Ѓорге Иванов во филмот "Аболицираниот Џо".

13. Рос и Рејчел се венчаваат и одат да живеат со семејството на Рос.

14. Фиби се мажи во Австралија и повеќе не се враќа во Македонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот