X
 13.05.2016 Технологија

Тестиран "Hyperloop" - револуционерниот концепт за јавниот превоз

Во пустината во американската сојузна држава Невада успешно беше тестиран револуционерниот „Hyperloop“, концептот за транспорт за наредните неколку стотина години. Во првото јавно тестирање, прототипот кој работи на електромагнети успеа да вози со брзина од 160 километри на час, во отприлика две секунди колку што возеше.

 

test


Концептот кој првично беше претставен од Илон Маск, е замислен како серија капсули управувани од електромагнет во затворени вакуумирани цевки.

Компанијата „Hyperloop Technologies“ од Лос Анџелес, сега со новото име „Hyperloop One“, во последната рунда на финансирање собра 80 милиони долари за понатамошен развој. Компанијата во своите два погони, има преку 150 вработени. Името се променило поради честата забуна со компанијата „Hyperloop Transportation Technologies“, која во основа има иста цел - модел за транспорт преку цевка во капсули со кои патниците треба да ги вози со брзина до 1.200 километри на час.

Идејата за новиот систем на брз превоз ја претстави Илон Маск, основач и директор на „Tesla Motors“ и „Space X“ уште во 2013 година. Поради ангажманот за развој на електрични автомобили и летови во вселената, идејата за „Hyperloop“ ја лансираше како „open source“ проект и ги повика сите засегнати страни да започнат да градат ваков воз.

Сите помислиле дека малку полудел, бидејќи се повикувал на плановите од 1960-тите. Маск тогаш зборувал за цевки кои можат да ги поврзат Лос Анџелес и Сан Франциско, и на патниците да им овозможи, наместо патување кое трае шест или повеќе часа, да патуваат околу 30 до 40 минути.

Најавија и дека ќе направат истражување за изводливоста во Финска, Шведска, Швајцарија и Лос Анџелес. Обид за примена на овој вид на транспорт најави и конкурентната „Hyperloop Transportation Technologies“ која преговарала со Словачка за изградба на линии за поврзување на Братислава со Виена и Будимпешта.

Иако на целиот концепт му претстои уште долг пат за да стане масовно превозно средство, напредокот од самата идеја до првото тестирање во последните две години, е повеќе од фантастично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија