X
 21.05.2016 Технологија

Како да спречите Google да помни се` што пребарувате?


Пребарувачот „Google“ е подесен така што автоматски помни се` што сте пребарувале и сите интернет-страници кои сте ги посетиле бидејќи на тој начин може да ви го олесни пребарувањето и да добие увид во вашите интереси за да знае кои огласи да ви ги презентира.

Доколку не сакате „Google“ да го помни секој ваш чекор на интернет, може да се ослободите од овој виртуелен шпион. Имено, постои опција со која може да го деактивирате следењето. Потребно е само да ги следите следните чекори:

1. На почетната страница на „Google“ кликнете во горниот десен агол на својот профил (My account).

2. Одберете ја опцијата „Personal info & privacy“, а потоа „Activity controls“, што прикажува се` што сте барале преку „Google“, „YouTube“ и други интернет-страници.

3. Во тој дел постои опција која може да ја активирате и деактивирате, како и опција за управување со податоците кои се собираат, а кои не сакате „Google“ да ги види.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија