X
 23.12.2015 Образование

Најпопуларните онлајн-курсеви во 2015

На интернетот денес може да се најдат секакви информации - корисни и бескорисни. Тоа е и добар извор на дополнително знаење. Онлајн-курсевите се популарни кај корисниците кои бараат знаење.


Доколку минатата година беше популарно да се учи странски јазик на интернет, оваа година е модерно програмирањето. Според „Бизнис инсајдер“, годинава најпопуларно место за онлајн-учење било „Курсера“, а во овогодинешната листа од најбарани курсеви се најдоа:

10. Вовед во финансиско советување од Универзитетот во Пенсилванија

Овој онлајн-курс е дел од пакетот курсеви кој чини 595 долари, но по завршувањето на сите курсеви добивате потврда која може да ја ставите во вашето резиме. Самиот курс е бесплатен.

9. Успешно преговарање: Основни стратегии и вештини од Универзитетот во Мичиген

Накратко кажано, преговарањето веќе одамна не е само работна стратегија, туку дел од секојдневието, а со овој курс се совладуваат стратегиите на преговарање за секоја ситуација.

8. Вовед во интерактивно програмирање во Пајтон (1 дел), универзитет „Рајс“

Курсот го водат 4 професори кои предаваат за основите на програмирањето во програмскиот јазик кој го користат „Гугл“, НАСА и „Јаху“.

7. Тибетанска будистичка медитација и модерен свет, Универзитет во Вирџинија

Медитацијата е многу повеќе од седење, а со овој курс ќе научите повеќе и за нејзината историја, филозофија и примените во модерниот свет.

6. Алатки за научникот за податоци, универзитет „Џон Хопкинс“

Овој курс е бесплатен и дел од поскап пакет кој доаѓа со сертификат, но со него ќе дознаете за главните проблеми со кои се занимаваат луѓето кои работат со податоци.

5. Р-програмирање, универзитет „Џон Хопкинс“

Овој курс е дел од пакет од 10 курсеви за податоци. Овој е за анализа на податоци и јазикот најдобар за таа цел.

4. Вештачка интелигенција, универзитет „Стенфорд“

Овој курс ги запознава своите ученици со најдобрите техники на учењето кај вештачката интелигенција.

3. Програмирање за сите, Универзитет во Мичиген

Уште еден курс кој се занимава со основите на работа во Пајтон, а не бара претходно знаење.

2. Совладување на анализа на податоци во „Ексел“, универзитет „Дјук“

Овој курс е за оние кои имаат основно знаење од работата во „Ексел“, а сакаат да научат повеќе.

1. Учење како да учите: Моќни ментални алатки за помош и совладување на тешките предмети, Универзитет во Калифорнија, Сан Диего

Најпопуларниот курс годинава не е поврзан со техноологијата, туку за самото учење. Курсот е за техниките на учење кои ги користат експертите од областите: спорт, книжевност, уметност, математика, наука итн.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование