X
 16.09.2017 Технологија

Имате оштетен телефон? Еве како „Епл“ одлучува дали ќе добиете нов

1

„Епл“ својот паметен телефон го продава со една година ограничена гаранција. Дали знаете што сè покрива гаранцијата и како проценува дали штетата е покриена со гаранцијата?

На секој од нас му се случило да му падне паметниот телефон. Ако сте имале среќа, тогаш инцидентот поминал без сериозни последици. Во спротивно, треба да си купите нов телефон.

Оваа ситуација e oсобено непријатна кога имате поскап паметен телефон, како „ајфон“.

„Епл“ нуди можност за осигурување наречено „AppleCare+“. За да дознаете дали осигурувањето го покрива вашиот уред, проверете дали ги исполнувате условите. Тоа можете да го направите така што на веб-страницата на „Епл“ ќе го внесете серискиот број на уредот и така ќе добиете информации. Изберете го типот на гаранција и потоа следете ги упатствата за купување на тарифата.

„AppleCare+“ ги вклучува ајфоните, ајпадите, ајпод тач или часовникот „епл“ две години од денот на првото купување на уредот. „AppleCare+“ опфаќа до најмногу две случајни оштетувања. На секоја такса се применуваат надоместок и данок. Осигурувањето е достапно во рок од 60 дена од денот на купувањето на уредот.

Веб-страницата „Бизнис инсајдер“ објави документ на 22 страници наречен „Visual/Mechanical Inspection Guide“ што се однесува на ајфон 6, 6 Плус, 6С плус, 7 и 7 плус.

2

Вработените во „Епл“ проверуваат дали штетата може да се направи по ниска цена (под гаранција) или повисока (надвор од гаранцијата). Ако штетата не може да се поправи, тогаш ќе ви биде потребен нов уред.

Гаранцијата главно покрива оштетувања кои се појавиле надвор од контрола на сопственикот на ајфонот. Нема да ви признаат штета што произлегла од расклопувања, неовластени поправки и надградби и оштетувања предизвикани од вода.

Оштетувањата како што се нечистотија под стаклото на екранот, мртви пиксели или пукнато стакло без докази за удар веројатно ќе бидат признаени.

Доколку гаранцијата ви е истечена, „Епл“ ќе ви понуди сервис со плаќање за пукант LCD-екран, оштетување на камерата настанато поради дејствување на ласерот, оштетување на копчето „Home“, оштетување на приклучоците за аудиовлез и „Lighting“ влезот, доколку штетата може да се поправи.

Услугата ќе ви биде одбиена ако сте му дозволиле на друго неовластено лице да го поправа телефонот и да вградува делови што не се од „Епл“ и ако постојат знаци дека штетата е намерно предизвикана.

Целосна поправка ќе ви биде покриена ако имате „AppleCare+“ со дополнителен надомест. Гаранцијата во никој случај не покрива „козметичко“ оштетување, па размислете за набавување  заштитна контрола.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија