X
 04.06.2016 Живот

Кратки тестови за проверка на визуелната интелигенција

Во нејзината нова книга „Visual intelligence: Sharpen your perception, change your life“, Ејми И. Херман ги поканува читателите да ги вежбаат своите набљудувачки вештини и вештините за критичко размислување со анализа на уметноста. Во продолжение пронајдете неколку вежби од книгата.

1. Погледнете во оваа фотографија. Што гледате?


Станува збор за крава. Иако некои луѓе ја препознаваат кравата веднаш, никој не ги гледа нештата на сликата на ист начин. Нашата перцепција е под влијание на лични фактори кои вклучуваат се`, од околината до политичките ставови.

2. Како би ја опишале оваа фотографија за некој што не може да ја види?


Веројатно би ја споменале водата, мостот и зградата. Но, дали ги споменавте масата и столиците на врвот на мостот? Многумина воопшто не знаат што се наоѓа тоа. Оставањето информации само затоа што не ги разбирате може да биде опасно.

3. Погледнете во оваа фотографија. Опишете што гледате во една реченица.


50% од луѓето кои ја гледаат фотографијата не ја забележуваат буквата „С“ во позадината. Одвреме-навреме, сите доживуваме „ненамерно слепило“, поради кое испуштаме информации.

4. Во една минута, опишете ја горната слика на друга личност чии очи се затворени. Потоа покажете и` ги трите слики под неа на личноста. Може ли партнерот да ја препознае сликата која ја опишувавте?


Опишувањето на бојата во детали е очигледната разлика меѓу сликите. Кога пренесувате информации, гледајте во се` и внимавајте на деталите бидејќи може да бидат битни. 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот