X
 19.06.2016 Образование

Што научив за татковството од моето дете со аутизам?

Веднаш откако на неговиот син му бил дијагностициран аутизам, Рон Фурниер одлучил да патува со својот син за да ја зацврсти нивната врска. Иако мислел дека тој ќе го учи својот син како да се снајде во светот, впрочем неговиот син, Тајлер, го учел татко си на лекции за животот и татковството.


Не ја мешајте вашата среќа со онаа на детето

Еден ден, тој го прашал својот син дали е среќен. Тајлер одговорил дека е среќен. Родителите во својата глава имаат концепт за она што ги прави децата среќни, но тој концепт не е секогаш точен и не одговара за секое дете.

Не ги форсирајте работите

Понекогаш, Рон се обидувал премногу. Тој го сфатил тоа кога неговиот син му го кажал тоа. „Среќен сум вака, тато. Не мора да ги форсираш работите“, рекол тој.

Знајте што да очекувате

Љубовта на родителите е безусловна. Меѓутоа, секој родител има одредени очекувања од своите деца. Овие очекувања понекогаш се нереални, особено кога вашето дете има аутизам. Не сакате децата да мислат дека ве разочаруваат.

Гледајте го детето преку очите на останатите

Еднаш, Рон и Тајлер биле на настан за време на кој Тајлер поставувал безброј прашања. Рон му кажал да им даде можност на останатите да прашаат. Но, подоцна, една жена го побарала „младото момче со паметните прашања“. Таа му кажала дека ѝ се допаѓа нејзиниот љубопитен ум. Тогаш Рон научил дека треба да го гледа својот син како што го гледаат другите.

Сакајте го детето за тоа што е, не за она што сакате да биде

„Го сакам мојот син - не и покрај аутизмот, туку поради него.“ Рон вели дека ова го прави Тајлер уникатен и пример за сите. Луѓето со аутизам се паметни, лојални, умни и имаат страст за своите интереси.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование